More

    Тошковски и Дачиќ ја почнаа заедничката превентивна кампања

    spot_img
    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСПБС), Гордана Кожуваровска, заедно со министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и в.д. директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија, Душко Пешиќ ја почнаа заедничката превентивна кампања „Вози одморен” на граничниот премин Табановце.
    Праксата покажува дека заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи особено во летниот период од годината при патување на годишен одмор. Овие превентивни активности се насочени особено на делницата од граничниот премин Табановце до Граничниот премин Богородица, каде во летниот период енормно се зголемува бројот на возила кои минуваат преку овој коридор.

     

    Министерот Тошковски потенцираше дека оваа заедничка кампања е значајна за унапредување на полициската соработка меѓу двете соседни земји и му се заблагодари на министерот Дачиќ за помошта што Министерството за внатрешни работи на Србија ѝ ја испрати на Македонија во гаснењето на шумските пожари.

    – Денеска сме тука заедно со колегите од Србија да ја поддржиме превентивната акција „Вози одморен” и да испратиме порака дека е исклучително значајно да се фокусираме сите во превенција на несакани настани кои најчесто се случуваат од премореност на возачите. На долгите патувања како што е патувањето на годишен одмор, клучни се паузите за одмор, на секои 2 до 3 часа неопходно е правење пауза од барем 15-тина минути. Возачите да тргнат на пат одморени бидејќи заморот е голем непријател на безбедното возење. Статистиките покажуваат дека сообраќајните незгоди предизвикани од замор за жал најчесто завршуваат фатално – рече министерот Панче Тошковски.

    Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ го изрази своето задоволство од оваа заедничка акција помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија потенцирајќи го фактот што во текот на летната сезона се случуваат голем број сообраќајни несреќи со смртни последици, како и дека податоците покажуваат дека на патиштата во Србија во овој период речиси секој ден по две лица го губат животот во просек.

    – За нас е многу важно да го спасиме секој човечки живот, особено животот на децата. Важно е возачите да возат одморени – српскиот министер и ја истакнал важноста од соработката со македонската полиција во оваа превентивна акција.

    Во рамките на активноста на возачите кои во моментот ја минуваа границата им беа поделени вода и летоци со едукативни совети и рекламен материјал во рамките на кампањата „Вози одморен”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img