More

    Топлотниот бран „Клео“ ќе донесе пеколни температури

    spot_img

    Се очекува во наредниве денови Грција да ја зафати топлотен бран и, според прогнозите, во текот на претстојниот викенд температурите ќе достигнат од 42 до 44 Целзиусови степени, јави МИА од Атина.

    Метеоролозите предвидуваат топлотниот бран, кој е наречен „Клеон“, да трае околу една седмица.

    Владата издаде препораки до граѓаните за заштита, а обезбедени се и специјални простории со клима уреди во општините. Сите министерства држат состаноци и се подготвуваат за топлотниот бран.

    По состанокот во Министерството за труд и социјала на Грција, беше упатена силна препорака до работодавците во периодот меѓу 12 и 17 часот да се намали обемот на работа или тој да се прекине за оние кои работат на отворено или се изложени на високите температури.

    Министерството за здравство излезе со препораки и совети до граѓаните како да се заштитат од високите температури, додека пак Министерството за животна средина и енергетика одржа состанок за да нема проблеми во снабдувањето со електрична енергија и повикаа на разумно користење на електричните уреди во периодот меѓу 20 и 22 часот.

    Паралелно, денеска, вонреден состанок ќе се одржи и во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.

    Прогнозите во земјата се дека температурата, од утре постепено ќе почне да се зголемува, ќе кулминира за време на викендот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img