More

    Топлотен бран ја погоди Европа

    spot_img

    Зимскиот топлотен бран, рекордно ниските врнежи од дожд и снег во Европа ги доведоа реките, каналите и езерата на алармантно ниски нивоа, а експертите предупредуваат дека може да се повторат големите суши од ланиИсклучително топлиот и сув почеток на годината влијае најмногу на централна и југозападна Франција, северна Шпанија и северна Италија.

    Состојбата со водата во Европа стана „многу несигурна“, според студијата објавена во јануари од истражувачите од Технолошкиот универзитет во Грац во Австрија, која користела сателитски податоци за да ги анализира светските ресурси на подземни водни.

    – Пред неколку години, никогаш не би замислил дека водата ќе биде проблем овде во Европа. Всушност имаме проблеми со водоснабдувањето – мораме да размислиме за ова – вели Торстен Мајер-Гур, еден од истражувачите.

    Франција, која го доживува најсушниот период во последните повеќе од 60 години, наскоро може да воведе рестрикции за водата. Земјата „претрпе серија од 32 последователни дена без врнежи од 21 јануари до 21 февруари, што е најдолг период откако се води евиденција од 1959 година.

    – Почвата е многу посува од вообичаено. Сегашното ниво на влажност на почвата во Франција вообичаено не би се видело до средината на април. Снежните врнежи исто така се ниски. Ситуацијата на Пиринеите е блиску до најнискиот рекорд на количество снег за тој период од годината. На Алпите има 63 отсто помалку снег од вообичаеното – велат истражувачите.

    Недостигот од снег може да ги загрози резервите на вода во пролет и лето, бидејќи има помалку топење на снегот.

    Во Италија некои од најпознатите водни површини во земјата пресушуваат. Нивото на водата во езерото Гарда е толку ниско што сега е може да се пешачи до островот во средината на езерското корито. Пред неколку месеци оваа патека не постоеше.

    Сега е исто така многу потешко да се земе водено такси во Венеција, бидејќи некои од нејзините канали станаа премногу плитки за да можат да пловат гондолите. Најдолгата река во Италија, По, има 61 отсто помалку вода од вообичаеното за овој период од годината. Италијанската влада лани прогласи вонредна состојба во областа околу По, која ја доживеа најголемата суша во последните 70 години.

    Џорџо Зампети, генерален директор на Легамбиенте, италијанска еколошка групација, стравува дека најлошото допрва доаѓа:

    – 2023 штотуку започна, но покажува загрижувачки знаци во однос на екстремните временски настани и нивоата на суша – изјави Зампети.

    Во Шпанија, која во 2022 ја доживеа најтоплата година досега, исто така постои загриженост за снабдувањето со вода.

    – Не можеме да гарантираме снабдување со вода за пиење или за економска употреба, потпирајќи се исклучиво на дождот – рече неодамна на прес-конференција Тереза Рибера, министерка за еколошка транзиција.

    Од 1980 година просечната достапна вода е намалена за 12 отсто, со проекции дека може да има дополнително намалување до 40 отсто до 2050 година. Шпанија планира да инвестира околу 24 милијарди американски долари во управувањето со водите, вклучувајќи мерки за подобрување на санитарните услови и третман и модернизирање на наводнувањето.

    Експертите стравуваат дека исклучително сувите последни два месеца може да сигнализираат нови проблеми делумно предизвикани од зголемувањето на просечните глобални температури.

    – Овие услови беа ретки во минатото, но климатските промени ги менуваат режимите на врнежи во Европа и ги прават овие екстреми повторливи и поинтензивни. Постои зголемена загриженост поради недостатокот на врнежи во последните недели, како и поради сушата во 2022 година. Следните недели ќе бидат клучни – изјави за Си-Ен-Ен Андреа Торети, климатолог во Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

    Припишувањето на зимската суша на климатските промени ќе бара специфична анализа која сè уште не е спроведена, но Торети вели дека таквите настани „се очекуван ефект од климатските промени во смисла на почести и поинтензивни екстреми“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img