Топката испловила 130 километри и завршила право во рацете на Иван

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Малата и полуиздишана топка што го спаси 30-годишниот Иван, кој повеќе од 17 часа беше исчезнат во морето кај Халкидики, стигнала до него од островот Лемнос, откако пропатувала цели 130 километри

Како што објавија грчките медиуми, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун уште пред цели 10 дена ја загубиле својата топка додека заедно со своите родители си играле на плажата Евгати на Лемнос.

Додека си играле, раскажала мајката на децата, топката летнала кон длабочините и морската струја за брзо време ја одалечила од нив. Дури и некој пливач кој бил во близина се обидел да им ја врати топката на децата, но не успеал.

Нивната мајка вчера ја видела фотографија од топката што го спаси Иван и препознала дека е истата топка со таа на Танос и Трифон.

Малата кожна топка, која била полуиздишана, му помогнала на Иван да остане на површината додека траеше потрагата по него на грчките служби. Таткото на 30-годишникот, заедно со градоначалничката на Касандра, Анастасија Халкија, се фотографираше со среќната топка.

Share This Article