Слатки закуски за љубителите на кокос.
Состојки:
– 100 гр кокосово брашно
– 300 гр бело чоколадо
– 1,5 дл слатка павлака
– кокос за тркалање
Подготовка:
Чоколадото искршете го на коцки.
Загрејте ја слатката павлака додека не зоврие, па прелијте ја врз чоколадото. Мешајте додека да се растопи чоколадото и да се соедини со кремот.
Измешајте го кокосот во смесата со чоколадо и крем, па оставете го да се излади на собна температура. Кога смесата ќе се олади, ставете ја во фрижидер еден час.
Извадете ја смесата од фрижидер. Земете ја смесата со лажица, а потоа со рацете формирајте топка која потоа ќе ја виткате во кокос. Продолжете додека не ја потрошите смесата.
Топчињата можете да ги ставите во мали хартиени корпи, а потоа во метална кутија. По обликувањето, мора да ги чувате на ладно место.
Пријатно!