More

    Том Круз проживува драма бидејќи добива смртни закани од поранешен вработен

    spot_img

    Актерот Том Круз (60) проживува драма бидејќи добива смртни закани од поранешен вработен, па поради тоа морал да ангажира дополнително обезбедување.Како што пренесува „Сан“, актерот и режисерот на филмот „Невозможна мисија 8“, Кристофер Меквири, добиле телохранители откако каскадерот бил отпуштен.

    – Тоа е малку уметност на имитирање на животот, на снимањето сѐ се врти околу заштитата и заканите, а сега истото се случува и зад камерите – објаснил изворот.

    Спорот, наводно, започнал откако на каскадерот му било кажано дека неговите услуги повеќе не се потребни,.

    Како што пишуваат странските медиуми, поранешен член на филмската екипа имал задача да најде локации за снимање сцени, вклучително и онаа на која се прикажува судирот на возот, но неговите предлози не биле прифатени.

    – Том и Крис сѐ уште работата на „Невозможна мисија 8“, главно во Британија, но работите станаа сѐ понепријатни со поранешниот член на тимот и сега не сакаат да ризикуваат. Главната ѕвезда на „Топ ган: Маверик“ е навикната да има телохранители околу себе поради неговата слава, но за Крис тоа е нешто сосема ново, бидејќи никој не сака да ризикува – открил изворот.

    Отпуштениот каскадер покренал тужба против Том Круз, Кристофер Mаквири и „Парамаунт студиото“, а американските медиуми, исто така, ги наведудваат обвиненијата дека руските олигарси ја финансирале работата на Круз, како и поврзаната истрага на ФБИ против „Парамаунт“ околу финансирањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img