Том Круз накратко ѝ се додворувал на Софија Вергара во 2005 година, пред да се вљуби во Кејти Холмс

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудската суперѕвезда Том Круз (61) накратко ѝ се додворувал на Софија Вергара (51) во 2005 година, пред да се вљуби во Кејти Холмс.

„Тие веќе имаат одредена историја, но тоа беше повеќе флерт, отколку вистинска романса“, изјави извор за британскиот магазин „Хит“.

„Наводно се дружеа во Холивуд Хилс и уживаа. Софија во тоа време навистина не давала никакви сигнали дека сака нешто долгорочно, па сѐ завршило спогодбено и тие останале пријатели“, тврди инсајдерот понатаму, според „Нујорк пост“. Сепак, како што понатаму тврди изворот, на Круз отсекогаш му пречело тоа што „ја одбил Софија и ја избрал Кејти“.

Магазинот „Инстајл“ минатата година објави дека на Круз му ја наместил Вергара неговиот пријател Вил Смит во февруари 2005 година. Папараците ги фотографирале заедно само на еден состанок, а романсата наводно завршила набргу потоа.

Според Ендрју Мортон, кој ја напишал книгата „Том Круз: Неовластена биографија“, Вергара „била заслепена од насмевката на Том и се забавувала од плејадата телефонски повици, цвеќиња и чоколади што следеле по нивната прва средба“. Меѓутоа, како побожна католичка, Вергара набрзо почнала да се грижи дека Круз можеби ќе сака да ја преобрати во скиентологија.

„Наскоро станало јасно дека таа оди на аудиција за најголемата улога во нејзиниот живот – госпоѓа Круз“, напишал Мортон. „Ми беше јасно дека ако ја прифати улогата, ќе мора да се откаже од својата католичка вера и да се преобрати во скиентологијата“, додал тој, истакнувајќи дека Вергара е „преплашена од скиентологијата“.

Според Мортон, таа искрено верувала дека Бог ќе ја погоди и ќе изгори во пеколот ако се приклучи. Романсата потоа завршила. Набргу потоа, Круз почнал да се забавува со Холмс во април 2005 година. Двојката се венчала и следната година ја добиле ќерката Сури. Сепак, тие се разведоа во 2012 година.

Вергара се омажи за актерот Џо Манганиело (46) во 2015 година, а минатиот месец ги шокираа обожавателите со објавата дека се разделуваат. Актерите објавија ексклузивна заедничка изјава за порталот „Пејџ сикс“, велејќи дека ја „донеле тешката одлука да се разведат“.

„Како две лица кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент“, напишаа тие. Манганиело поднесе барање за развод од Вергара, наведувајќи ги непомирливите разлики.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article