Актерот Том Хенкс ја расчисти конфузијата откако почна да кружи реклама за стоматолошки услуги со неговиот лик, но тој вели дека се работи за – вештачка интелигенција.
Актерот (67) на социјалните мрежи предупреди за опасностите и забуните кои можат да настанат поради вештачката интелигенција.
Хенкс на Инстаграм се обрати со фотографија со неговиот лик од рекламата.
„ВНИМАНИЕ! Има видео во кое се промовираат некои стоматолошки услуги со мојот лик, но тоа е верзија со вештачка интелигенција. Немам никаква врска со тоа“, изјави Хенкс.
Оскаровецот Хенкс и претходно зборуваше за вештачката интелигенција во филмската индустрија. Во еден од подкастите во кои гостуваше, тој рече: „Видовме дека доаѓа време. Видовме дека ќе ја има оваа можност нулите и единиците во компјутерот да се претворат во лице и фигура. Сега таа можност е тука, ја гледаме насекаде“.