More

    Том Хенкс откри кој му е најомилен алкохолен пијалак

    spot_img

    Американскиот актер Том Хенкс го откри својот омилен алкохолен пијалак и станува збор за малку бизарен коктел кој комбинира два многу популарни пијалаци, кои можеби никогаш не би сте ги споиле.

    За време на гостувањето во подкастот на Адам Бакстон, Хенкс откри дека е комбинација од шампањ и диетална „Кока-кола“, а потоа го откри и името на коктелот. Се вика Diet Cokagne и се изговара исто како, да речеме, диетален кокаин (Diet Cocaine).

    „Јас не пијам баш алкохол, но во последно време сакам да испијам диетална ‘Кока-кола’ помешана со шампањ. Дома ја нарекуваме ‘диетална кокењ’. Коктелот всушност настана во шега. Еднаш пиев диетална ‘Кока-кола’ и некој отвори шампањ, па ги замолив да ми сипат во чашата со ‘Кока-кола’ и ја испив и беше навистина вкусно“, рекол Хенкс и потоа продолжил.

    „И сите се согласија дека е убаво. Сите го пробаа и беа изненадени колку е добар вкусот. И тоа е она што го пијам од алкохол, со можеби добро пиво“, рекол Хенкс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img