Актерот Том Хенкс (66) и неговата сопруга Рита Вилсон (66) ја прославија 35-годишнината од бракот, а на социјалните мрежи споделија фотографија на која се гледаат како насмеани позираат покрај торта.
Том на својата сакана ѝ подари торта со натпис „Среќна годишнина“, а Рита сето тоа го сподели на Инстаграм, а со објавата гордо напиша:
„35 години брак. 30 април 1988. Љубовта е сè.“
Том и Рита се запознале за време на снимањето на ситкомот на „Еј-би-си“, „Bosom Buddies“ во 1981 година. Прво беа пријатели, а дури подоцна нивната врска станала љубовна. Тие се венчаа во 1988 година, а ги добија и 32-годишниот син Честер и 26-годишниот син Труман Теодор.
Во времето кога се запознаа, Хенкс беше во брак со првата сопруга и не помислуваше дека Вилсон ќе биде негова сопруга, а ни дека бракот ќе им трае 35 години.
“Успехот на нашата врска лежи во апсолутната компатибилност на карактерите, меѓусебното почитување, зрелоста и слична смисла за хумор. Често се смееме заедно, тоа е тајната. Рита е мојот животен партнер и мојата љубов, не се сеќавам кога всушност сме се скарале“, рече Том Хенкс во разговор со Опра Винфри.
ФОТО: Инстаграм