Актуелниот претседател на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, според прелиминарните резултати, убедливо победи на предвремените претседателски избори одржани во таа централноазиска земја.
Токаев (69), кој е на власт од 2019 година, освои 81 отсто од гласовите на изборите одржани во неделата, соопшти Изборната комисија. Излезноста беше 70 отсто.
Очекувано, неговите пет противкандидати забележаа симболични резултати, ниту еден од нив не надмина 3,5 отсто од гласовите.
Новина на изборите, опцијата да се гласа „против сите“ привлече речиси шест отсто од гласачите, а оваа опција е на второ место.
Казахстан, земја богата со природни ресурси и на раскрсницата на важни трговски патишта, во јануари западна во хаос кога демонстрациите против високите трошоци за живот се претворија во немири во кои загинаа 238 луѓе пред да бидат брутално потиснати.
Во земјата поради кризата се уште се чувствуваат тензии, а властите во четвртокот објавија дека уапсиле седум приврзаници на опозицијата во егзил обвинети за поттикнување државен удар.
Во претседателската кампања Токаев објави план за создавање поправеден „Нов Казахстан“.