Јапонскиот производител на возила Тојота поради проблем со вратите го повлекува патничкото возило Toyota PRIUS.
Поблемот, како што е соопштено, го имаат возилата произведени во 2024 година.
На овие возила постои можност електронската брава да не работи правилно при отворање на вратата однадвор.
Вратите може да се отворат неочекувано, што резултира со повреди на патниците на возилото, а кампањата на производителот вклучува замена на надворешната рачка на левата и десната врата.