Австриските полицајци откриле 5,5 килограми канабис при полноќен надзор на границата со Словенија на граничниот премин Језерско, јавува австриската агенција АПА.
Околу 2 часот и 30 минути по полноќ го запреле возилото на граничниот премин, возачот излегол и побегнал во Словенија, а полицијата потоа во автомобилот пронашла дрога.
Тој бил скриен зад совозачкото седиште и спакуван во десет вреќички затворени со правосмукалка, соопшти полицијата. Како што веќе соопшти австриската полиција, дополнителни истраги во врска со сопственикот на возилото, кое било регистрирано во Словенија, извршила словенечката полиција.