И покрај тоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека е против претседателски избори во март и дека тоа не е допуштено во време на војна, во Украина почна „изборна кампања“. Летоци со пречкртаните букви „Зе“ за Зеленски, а заокружени „За“ за врховниот командант на војската Валериј Залужни се појавија во областа Житомир.
Ова доаѓа во моменти на висок степен на јавен конфликт што постои меѓу Зеленски и Залужни. Се шпекулира дека Залужни ќе биде сменет од својата позиција. Тој бил искаран oд кабинетот на Зеленски за своето интервју во „Економист“ каде рече дека најверојатно нема да има пробив во украинската контраофанзива и дека Украина нема технолошка можност да напредува, освен ако не добие некоја нова технологија.