Бразилскиот селектор Аденор Леонардо Баки, попознат како Тите, потврди дека се повлекува од позицијата селектор на репрезантицата на Бразил, откако вечерва се случи шокантниот пораз од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
61-годишниот Тите ја презеде позицијата во 2016 година и со Бразил стигна до титулата од Копа Америка во 2019 година, но во двата настапи на Светските првенства, во Русија во 2018 и во Катар оваа година, беше елиминиран во четвртфиналето. Тој и пред стартот на Мундијалот најави дека ова му е последната работа.
„Многу е тешко во моментов. Циклусот заврши и го кажав тоа уште пред година и пол. Ми беше потребно да имам достапен целосен циклус и да ги следам моментите. Дали оставам нешто во репрезентцијата? Времето ќе го покаже тоа“, изјави Тите.
Во 81 меча на кормилото на Бразил, тој стигна до 61 победа, а имаше само 7 порази.