More

    Титан Усје и Градежниот факултет заедно во проектот „Знаење + CO₂

    spot_img

    Во насока на заедничка заложба за поттикнување иновации, одржливост и декарбонизација, Титан Усје и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) денеска официјално го потпишаа Меморандумот за соработка за реализација на проектот „Знаење + CO₂ -“ со знаење и иновативност до помалку CO2. Целта на проектот е преку едукација, истражувања и подигнување на свеста да придонесе кон намалување на јаглеродниот отпечаток и креирање на долгорочна одржливост.

    Активностите на проектот ќе се одвиваат преку три главни модули: Едукативен модул – организирање курсеви, практикантски програми, теренски посети и подкасти; Модул за истражување и развој – мултидисциплинарни истражувања и отворање на паметна лабораторија и Модул за подигнување на свеста – младински натпревари, годишна изложба и други активности.

    – Овој проект е уште еден од низата иницијативи коишто ги спроведуваме во полето на декарбонизација како наша стратешка определба во Титан Усје, базирана на користење напредни технологии, дигитализација и вклучување на вештачката интелигенција во процесите на работа. Партнерството со Градежниот факултет е стратешки чекор во размена на знаење и ресурси кои ќе придонесат кон поттикнување револуционерни решенија за иднина со низок јаглероден отпечаток. Посветеноста на Групацијата Титан за декарбонизација опфаќа повеќе пазари, намалувајќи го влијанието врз животната средина и промоција на одржливи практики во индустријата. Преку иницијативата „Знаење + CO₂ -“, имаме за цел да го прошириме нашиот дофат на корпоративно делување преку споделување искуства, промовирање соработки за истражување и едукација на младите кадри и вклучување на истите во научно-истражувачки проекти. Уверени сме дека оваа соработка ќе поттикне и научни иновации и практични решенија за поодржлива иднина, во која токму младите ќе бидат носители. Заедно можеме да создадеме трајни позитивни промени – истакна Константинос Николаоу, главен извршен директор на Титан Усје.

    Во активностите на овој проект ќе можат да се вклучат студентите на техничките факултети и млади истражувачи кои се заинтересирани за овие области, како и претставници од други институции.

    – Во време на динамични промени, како резултат на брзиот напредок на технологијата, од клучно значење е создавањето проекти кои на соодветен начин ќе овозможат пренесување на најновите научни сознанија и напредни практики. Оваа соработка е важна и затоа што ќе придонесе за нивно унапредување и ќе поттикне нови истражувања и проекти во кои ќе се вклучат младите. Чест и задоволство ни е што соработуваме со компанија која ја предводи индустријата во имплементација на одржливи практики. Ова партнерство ќе ги инспирира и едуцира нашите студенти за предизвиците и можностите на транзицијата кон зелена економија – истакна деканот на Градежниот факултет при УКИМ, проф. д-р Горан Марковски.

    Титан Усје е пионер во примена на принципите на кружната економија, а како резултат на тоа, компанијата во 2023 година ги редуцираше емисиите на CO₂ за 2.600 тони, што е еквивалент на отстранување на 560 автомобили од употреба​. Покрај тоа, компанијата инсталираше и фотоволтаична централа од 3 MWp заштедувајќи приближно 3.200 тони CO₂ годишно.

    Во последните пет години, компанијата инвестираше повеќе од 6 милиони евра во дигитализација, решенија базирани на вештачка интелигенција, иновативни технологии и одржливи практики, вклучувајќи и еколошки типови цемент и обновливи извори на енергија, како што се соларната енергија и алтернативните горива. Инвестициите во овие области ќе продолжат и планирано е во следните три години да се инвестираат дополнителни 20 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img