16-годишна тинејџерка го загубила животот во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) откако претрпела тешки компликации за време на стоматолошка процедура во приватна ординација во Сараево.
Според информациите, тинејџерката во придружба на родителите побарала стоматолошка помош поради интензивна забоболка.
По вадењето на забот во приватна ординација, ситуацијата наеднаш се влошила. Гнојот од забот се проширил по вратот, предизвикувајќи сериозна инфекција која резултирала со развој на сепса.
Девојчето во критична состојба е итно префрлено во КЦУС, каде лекарите вложиле максимални напори да ја спасат, но, за жал, компликациите биле фатални.
Повеќе информации за овој случај ќе бидат познати подоцна.
Да потсетиме, пред неколку месеци сличен случај ја потресе Ѓаковица.
Имено, пациентката Л.Ш. починалa по вадење заб во стоматолошката ординација сопственост на Џ.К. Лекарите од болницата во Малишево утврдиле дека смртта на пациентката е последица на примена на несоодветни методи и терапија при вадење на заб.
Основниот суд во Ѓаковица донесе решение со кое стоматологот чии иницијали се Џ.К. му е изречена едномесечен притвор, додека на неговата медицинска сестра Х.К. ѝ е одреден едномесечен домашен притвор. Оваа одлука уследи по смртта на пациентка на која стоматологот Џ.К. го извадил забот во својата приватна стоматолошка ординација.
Стоматологот Џ.К. е осомничен за кривични дела несовесно постапување и неовластено вршење на медицина. Сестрата на обвинетиот, Х.К., е осомничена за незаконско вршење на медицина и фалсификување документи.