Тинејџер избодел тројца професори и еден ученик во средно училиште во Херез де ла Фронтера на југот на Шпанија, соопшти полицијата.
Еден од наставниците ќе биде опериран, додека другите три жртви се здобиле со полесни повреди, изјави извор од здравствените служби на Андалузија.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен.
Телевизиската станица Canal SUR објави видео од родителите кои се собираат пред училиштето.
Мајката на еден ученик изјавила за телевизијата дека напаѓачот извадил два големи ножа од чантата во училницата и ги нападнал своите соученици и наставници околу 08:15 часот, велејќи им дека ќе ги убие.