More

    Тинејџер извлечен по 4 дена од урнатините

    spot_img

    Тинејџер рано изутринава неповреден е извлечен од урнатините на зграда во турскиот град Газиантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес. Аднан Мухамед Коркут (17) бил затрупан во подрумот на зграда што се урнала во понеделникот, пренесува Индекс.хр.

    Неговото спасување беше поздравено од бројните пријатели и роднини, кои го скандираа неговото име, ракоплескаа и плачеа додека го носеа и го ставаа на носилки.

    – Фала му на Бога што ме спасија. Ви благодарам на сите. Бев принуден да ја пијам сопствената урина за да ја задоволам жедта. Така успеав да преживеам – рече Мухамед, гушкајќи ја мајка си и другите кои го прегрнуваа.

    Спасувачите четири дена се обидувале да го извлечат.

    – Имам син како тебе. Ти се колнам, не спиев четири дена. Се обидував да те извлечам – вели еден од спасувачите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img