Рони Тарнер, син на пејачката Тина Тарнер, е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Рони имал тешкотии со дишењето и починал „надвор од својот дом“. Полициски извори велат дека вчера наутро добиле повик од лице кое кажало дека Рони има проблеми со дишењето.
Веднаш била повикана брза помош, а додека тие да пристигнат, наводно случајни минувачите се обидувале да му помогнат на синот на Тина Тарнер. Брзата помош по пристигнувањето констатирала смрт на 62-годишниот маж.
Засегае не се знае точната причина за смртта, но познато е дека Рони со години се борел со ракот.
Сопруга на Рони, Афида, сподели нивните заеднички фотографии: „Овој пат дадов се од себе. Не можев да те спасам“, напиша таа.
Синот на 83-годишната Тина, Крег почина почина во 2018 година, самоубивајќи се во својот дом.
„Најтажниот момент во мојот живот. Во четвртокот, 19 јули 2018 година, му кажав последно збогум на мојот син, Крег Рејмонд Тарнер, додека се собрав со семејството и пријателите да ја соберам неговата пепел покрај брегот на Калифорнија. Тој имаше педесет и девет години“, напиша тогаш Тина.