Раководството на Бреша, која настапува во италијанската Серија Б, на официјалната веб-страница објави за прекин на соработката со тренерот Филипо Инзаги.
Четириесет и осумгодишниот Инзаги кој претходно беше тренер на Милан, Венеција, Болоња и Беневенто, ја презеде Бреша во јуни минатата година.
На последните четири натпревари Бреша нема ниту една победа и се наоѓа на петтото место на табелата во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Италија.
И во февруари Бреша му даде отказ на Инзаги, па следниот ден се премисли и популарниот Пипо продолжи да работи со тимот, откако се закани со тужба. Останува да видиме дали овој пат раководството на Бреша ќе остане на првичната одлука за прекин на соработката.