More

    ТИМ ОД ОПШТИНА ОХРИД ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА

    spot_img

    Тим на Општина Охрид под менторство на м-р Ива Николоска во состав Наташа Неданоска, Елена Арсовска-Манчевска,  Ана  Топенчарова Коваческа, Сања Бачевски и Каролина Буџакоска  присуствуваше на неколкудневна работилница во Кушадаси-Турција каде учесниците работат на развивање на иницијалните проекти презентирани од страна на проектните тимови од Македонија и Турција.

    Менторот Николоска одржа предавање на тема, „Искуства при креирање и имплементација на CIPPS проект“, а општинскиот тим го презентира својот проект SEEDS (Student Engaging in Environmental Dedication and Stewardship).

    Проектните активности веќе се започнати и дваесетина автохтони растенија (билки) кои се типични за планината Галичица се веќе дел од едукативната патека (мини арбуретум) согласно временската рамка на проектот. Понатака следи обележување на истите, со нивните народни и латински имиња,  и дополнување за време на пролетните месеци и со други видови. Планирано е да бидат организирани повеќе работилници кои ќе се одржат во соработка со стручните тимови од Националниот Парк во зелени и забавни едукативни училници во кои ќе бидат опфатени ученици од општинските училишта, како и членовите од клубот за стари лица при ОО Црвен крст- Охрид.

    Гостувањето во Турција следи по  успешната соработка од минатата година  за  Програмата CIPSS 2023-2024. Ко-дизајн за одржливи, еластични и инклузивни јавни простори и услуги од универзитетот „Лунд“ од Шведска. Довербата за креирање и имплементација на Change project, ја додели на општина Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img