Тим од четворица струмички пожарникари со теренско возило транспортираа повреден велосипедист од планината Беласица, кој претпладнево излетал во провалија на планината Беласица, на местото „Ѓаволски мост“, соопштија попладнево од ТППЕ Струмица.
– Велосипедистот спуштајќи се по патеката излетал во провалија и се здобил со повреди. Од неа бил извлечен од други велосипедисти. Со теренското возило на ТППЕ Струмица заедно со тим на брза помош е префрлен до село Борисово каде е преземен од возило на брза помош и пренесен во Медицински центар Струмица – велат од струмичката противпожарна единица.
Тие апелираат до граѓаните на внимателност кога се престојува или се движи во планина со цел да се избегнат вакви несреќни случаи.