Тим научници од Германија извлекол податоци за просечната големина на еректираниот пенис од речиси 90 земји, при што мерењата биле независно потврдени, објави британски Дејли мејл.
За да откријат во кои земји мажите имаат најголеми пениси, истражувачите прегледале повеќе од 40 неодамнешни истражувања во кои учествувале илјадници мажи.
Европските земји со најголема просечна големина на пенис се Холандија на деветтото место со 15,7 сантиметри, Франција на 11-то место со 15,7 сантиметри и Италија на 19-то место со 15,2 сантиметри.
Македонците имаат просечна големина на пенис од 14 сантиметри.
Грците имаат просечна големина на пенис од 13,3 сантиметри, Бугарите – 14,9 сантиметри, Србите: 14,8 сантиметри, а мажите во Албанија, 14,1 сантиметри.
Мажите во Еквадор наводно имаат најголеми пениси на светот, додека, пак, мажите во Камбоџа, најмали.
Мажите од Еквадор имаат просечна должина на еректиран пенис од речиси 17,6 сантиметри, велат податоците.
На другиот крај на „големините“, се вели дека просечната големина на еректиран пенис на мажите од Камбоџа е нешто помалку од 10 сантиметри.