Тим на НАСА успеал да сними мал песочен вртлог на Марс. Оваа бура и не е толку мала ако знаеме дека е широка најмалку 25 метри, што значи е 10 пати поголема од роверот наречен „Истрајност“. Ѓаволестата бура се извишува 118 метри во небото на планетата.
Снимките од микрофоните се навистина софистицирани, пишува ИФЛ Наука. Роверот имал среќа и не бил превртен од бурата, а тоа е затоа што атмосферата на Марс е густа само колку 1 процент од онаа на Земјата.
Но, зошто бурите не се појавуваат насекаде на Марс, туку на одредени места?
– – Се надеваме дека со овие акустични снимки, всушност ќе помогнеме да се одговори на тоа прашање – изјави главната авторка на истражвањето објавено во Нејчр Комјуникејшнс, д-р Наоми Мардок, од Универзитетот во Тулуз.
– Бидејќи можеме да ги слушнеме влијанијата на прашината, тоа значи дека можеме да го броиме бројот на честички, бидејќи можеме да ги броиме ударите. И ги имаме мерењата на ветрот и атмосферските мерења и тоа ни овозможува да измериме колку прашина се крева, колку честички се движат и под кои услови. Затоа, се надеваме дека ова покажува колку се вредни акустичните податоци додека продолжуваме да го проучуваме овој слабо разбран процес на подигање прашина на Марс – додава таа.
Ваквите бури можат да бидат и корисни за роверите бидејќи ги чистат од прашината која се наталожува на нив.