– Каде е езерото, дедо? – прашува детенцето додека со својата сестричка и со својот дедо си шеткаат и уживаат на топлото сонце.
– Го нема езерцето, сине, го нема – со тешко срце му одговара дедото Љупчо Милачов на својот внук.
Нема ни капка вода во Тиквешкото Езеро. Колку е катастрофална состојбата прикажува токму видеото што го објави Милачов на социјалните мрежи, а на кое се гледа огромна зелена и сува површина, а која некогаш била полна со вода и се нарекувала Тиквешко Езеро.
Погледнете ја катастрофата: