Тикток ѕвездата, Беандри Бојсен, почина на 19-годишна возраст, откако се бореше со ретката болест (предвременото стареење).
Имено, не се очекувало дека Бојсен ќе живее повеќе од 14 години, но таа не се откажуваше и стана интернет сензација.
Пред само два месеци, тинејџерката беше подложена на операција на отворено срце – и беше решена да го прослави Божиќ со своите родители.
Бојсен беше родена со ретка болест односно синдромот Хачинсон-Гилфорд Прогерија, кој предизвикува брзо стареење на децата, а боледувала и од остеопороза, која ѝ ги правеше коските кревки и кршливи.
Само едно од 4 милиони бебиња се раѓа со оваа неизлечива болест, а Беандри беше само една од 200-те познати заболени во светот.
Нејзината мајка Беа потврди дека таа вчера ја изгубила битката за живот и им се заблагодари на сите нејзини обожаватели ширум светот кои „длабоко ја сакаат“.
„Со длабока тага објавуваме дека Беандри почина, една од најомилените и инспиративни млади жени во Јужна Африка која секогаш зрачеше со надеж и радост. Беандри беше позната по нејзината живописна личност и заразната смеа и како последната преживеана личност во Јужна Африка која живееше со ретката генетска состојба прогерија. Таа стана симбол на свесноста за прогерија и другите деца со посебни потреби користејќи го нејзиниот уникатен дух за да инспирира илјадници луѓе ширум светот. Таа никогаш не престана да се бори“, рече нејзината мајка.