Пејачката Тијана Дапчевиќ во својата емотивна исповед проговорила за спонтаниот абортус и траумата што ја доживеала кога првпат забременила. Таа и нејзиниот сопруг Милан сега го имаат синот Вук (14), но признава дека првото искуство ѝ било најболно, пишува „Б92“.
„Пред да забременам со Вук, имав спонтан абортус. Во деветтата недела од бременоста го загубив бебето! Толку сакав да забременам и кога тоа конечно се случи, бев пресреќна. И тогаш целиот свет ми се сруши! Ми беше многу тешко. За Милан и мене тоа беше најголемата траума што некогаш сме ја доживеале. Имав среќа што налетав на д-р Снежана Ракиќ од ГАК „Народни фронт“, која ми го спаси животот! И не само што ме лекуваше мене туку таа повеќе ми беше психолошка поддршка. Ми рече: „Само опушти се и за една година ќе имаш бебе!“ Така беше“, раскажува Тијана.
Како што вели пејачката, овој трагичен настан ја зајакнал нејзината и љубовта на Милан.
„Кога го изгубив бебето, поминавме низ пекол, но не ни помислувавме да се разделиме. Тоа нѐ зајакна. Милан секогаш беше покрај мене, па и во тие најтешки моменти. Отсекогаш велев дека ќе родам машко дете, син на мајка, кој ќе личи на мене. Тоа е Вук! Навистина е ист јас, само по градбата е на татко му. Впрочем, Милан е и тврдоглав и упорен. Милан и јас бевме во брак седум години, патувавме низ целиот светот и посакавме бебе. Го загубив првото бебе, а потоа не успевав да забременам по природен пат. Му реков ‘Ако не забременам до септември, одам на вештачко оплодување!’. Сестра ми Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија на Песна за Евровизија, а јас работев на нејзиниот медиумски план. Бев концентрирана на тоа, не размислував за дете и токму тогаш забременив“, рекла Дапчевиќ, пренесува „Блиц“.
ФОТО: Јутјуб