Денеска околу 12 часот и 30 минути, Министерството за внатрешни работи (МВР) добило известување од Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека е исчезнат пожарникар кој бил ангажиран во гаснење на пожар во штипското село Селце.
Како што соопшти полицијата, по добиеното известување, во потрага по пожарникарот се вклучиле хеликоптер Бел 412 од хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици, како и алпинистички тим од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ (САЕ Тигар).
Еден час подоцна, исчезнатиот пожарникар бил лоциран на непристапен терен, по што спасувачкиот тим извел „крајно сложена акција“.
Алпинистичката екипа на единицата „Тигар“ се спуштила со витло, а лицето било пренесено на безбедна локација.
– Кога бевме информирани побаравме дополнителна помош и почнавме со пребарување. Неколку часа подоцна полицискиот хелихоптер забележал лице кое седел на земја. Не беше во најдобра здравствена состојба, но сепак, беше жив. Од хелихоптерот беше спуштен припадник на тигрите со сајла се спушти, но поради ветерот не успеја да го извлече. Но, потоа со помош на други колеги и ловци, кои го знаат теренот, беше стасано до лицето, кое ќе биде пренесено во болница – вели Ангелов.
МВР објави и видео од акцијата.