„ТИГРИТЕ“ ФАТИЈА ИЗБЕГАН ЗАТВОРЕНИК ОСУДЕН НА 12 ГОДИНИ ЗА УБИСТВО

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Затвореник осуден за убиство е приведен откако избегал од затворот, соопшти полицијата.

Како што соопшти МВР, денеска (31.08) околу 08 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство.

На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ Идризово, но бил ангажиран да работи надвор од затворот.

Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“. Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот.

Share This Article