Важно е да се вакуумира и да се избрише прашината, но што е со предметите и деловите од куќата што ги избегнуваме. Многу често ваквите места се почва за бактерии, а оние кои се споменати во овој текст се најлоши.
Сите ние често забораваме на нив, а многу родители признаа дека речиси никогаш не ги чистат детските играчки освен ако не се видно валкани. Еве што друго не мијат повеќето луѓе, но треба.
1. Далечински управувач:
Студија од 2020 година откри траги од бактерии, квасец и мувла на некои далечински управувачи, а експертите велат дека тие би можеле да бидат 20 пати повалкани од тоалетната школка. Тоа е затоа што далечинскиот управувач обично го користат повеќе луѓе, од кои некои не ги измиле рацете. Можете да го користите и додека јадете и на тој начин да ги пренесете бактериите во устата. Не бришете далечински управувачи со марамчиња за еднократна употреба – тие се скапи и штетни за околината. Наместо тоа, извадете ги батериите и земете крпа натопена во малку вода со сапуница и исцедена, пишува krstarica.com.
2. Плишани играчки
Најверојатно омиленото плишано мече на вашето дете изобилува со бактерии. Не сите овие бактерии се лоши – всушност, повеќето од нив помагаат во заштитата на имунолошкиот систем. Но, има и тој еден процент, како е.коли, што е опасно и може да доведе до сериозни болести. Затоа е неопходно редовното чистење. Измијте ги во машина за перење на 30 степени и проверете дали се целосно суви внатре и надвор пред повторно да ги користите.
3. Држач за четка за заби
Едно истражување од 2018 година тврди дека колиформ, цревна бактерија, е пронајден во повеќе од четвртина од држачите за четки за заби. Ставете малку разредено белило на дното кога ја чистите бањата и натопете го малку или ставете го во машина за перење еднаш неделно.
4. Четки за шминка и коса
Не само што акумулираат мртви клетки на кожата, стара шминка, прашина… студија на Универзитетот Астон од 2019 година покажа дека девет од десет се контаминирани со бактерии кои можат да предизвикаат болести како што се инфекции на кожата, па дури и труење на крвта. Наполнете мијалник или сад со топла вода и користете благ бебешки шампон за да ги исчистите четките со палецот и влажниот сунѓер. Оставете да се исуши на воздух. Што се однесува до четките за коса, исто така редовно чистете ги.