More

    Тежок, тврд и не ги одложува рочиштата, таков е судијата што ќе му ја крои судбината на Трамп

    spot_img

    Тврд, тежок, а сепак чувствителен. На страната на законот, но често и на страната на обвинителството – човек од збор. Вака го опишуваат колегите врховниот судија Хуан Мерчан кој ќе треба да пресудува за Доналд Трамп по обвинение во кое ќе има дури 30 точки. Мерчан не ѝ е непознат на јавноста во Њујорк, а во случајот со соработникот на Трамп, Ален Вајселберг тој пресуди затвор и му рече дека ако веќе не му ветил казна од пет месеци, ќе му изрече многу поголема откако ќе ги ислуша доказите.

    Вајселберг доби пет месеци за скандал со даночни измами поврзанин со Организацијата на Трамп кои траеле со децении.

    Нема прекини и нема театар на неговите судења

    Овој судија не сака прекини или одложувања. Ова за Си-Ен-Ен го изјавиле адвокати кои учествувале на негови судења.

    Нема одлагање. На пример, во случајот, со Стив Банон, близок советник на Трамп, овој судија беше надгледувач на судењето. Тој тогаш ги казни адвокатите на обвинетиот Банон бидејќи го одложувале случајот барајќи време да се разгледаат нови докази.

    Тој сака да ја задржи контролата врз својата судница дури и кога случаите привлекуваат многу внимание и бука од присутните и од јавноста.Мерчан не дозволува обвинителите или обвинетите да создаваат какви било прашања во неговата судница.

    – Не дозволува да се случи медиумски циркус или каков било друг вид циркус. Мислам дека тоа што Доналд Трамп го нападна и му се заканува нема да му донесе многу добро во судницата – изјави Карен Фридман Агнифило, адвокатка и поранешна обвинителка од обвинителството во Менхетен.

    – И покрај големата кариера судењето на Трамп ќе биде најпознато судење на Мерчан. Поранешниот американски претседател уште сега го разгорува огнот на социјалните мрежи за да направи спектакл. Тој на својата социјална мрежа напиша дека „судијата ме мрази“.

    – Овој судија е таков што ќе го игнорира и нема да држи анимозитет против Доналд Трамп. Тој не е одмаздољубив на кој било начин – објаснува адвокатката Агнифило.

    Секогаш е фер со адвокатите на одбраната

    Но, постои општо мнение дека судијата Мерчан е фер судија. Тоа го потврди и адвокатот на Трамп, Тимоти Парлаторе, за време на интервјуто во петокот за Си-Ен-Ен рече дека судијата најверојатно ќе биде фер.

    – Претходно сум пробал случај со него. Тој може да биде тежок. Мислам дека тоа нужно нема да биде нешто што ќе ја промени неговата способност да ги оценува фактите и законот во овој случај – рече Парлаторе.

    Исто и во случајот со помошникот на Трамп, Вајселберг, адвокатот на Вајселберг го пофалил Мерчан за стручноста.

    „Тој беше јасен во сигнализирањето на неговите судски склоности, што ми помогна неверојатно да му дадам на г-дин Вајселберг информиран правен совет. Судијата Мерчан секогаш беше добро подготвен, достапен и – што е најважно во прашање на Вајселберг – човек од збор. Тој се однесуваше кон мене и со моите колеги со најголема почит, и на отворен терен и зад затворени врати“, напишал адвокатот на Вајселберг во одговор на е-мајл за Си-Ен-Ен.

    Сочувствителен судија во Судот за менталното здравје

    Истовремено, Мерчан има и репутација дека е „сочувствителен судија“. Тоа е затоа што тој помогнал да се формира еден суд наречен Суд за ментално здравје во Менхтен каде во случаите, предвид се зема и менталната состојба на обвинетиот. На пример, во некои случаи, обвинетиот веќе има јасно досие за ментална болест уште пред делото да биде сторено.

    Копјата се кршат во случаите кога се работи за поблаг злостор, на пример, кога некој извршил кражба или повеќе тешки кражби, а сепак има вакво досие.

    Мерчан ја започнал својата кариера во 1994 година како помошник окружен обвинител во судскиот оддел во Менхетен. Роден бил во Богота, во Колумбија, а неговото семејство дошло во населбата Квинс во Њујорк кога тој имал 6 години.

    Бил единствен од фамилијата кој запишал колеџ. Прво студира бизнис, потоа работел малку, па се вратил за да заврши правен факултет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img