More

    Тецуја Јамагами, човекот кој го уби поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, изјавил пред полицијата дека првично планирал да нападне водач на верска организација

    spot_img

    Тецуја Јамагами, човекот кој го уби поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, изјавил пред полицијата дека првично планирал да нападне водач на верска организација и дека злосторството не го извршил од политички мотиви, соопштија истражните органи, пишува Блумберг.

    Банкротирала мајката на убиецот

    Јамагами, изјавил дека бил лут на „одредена организација“, веројатно локална религиозна група, за која верувал дека е поврзана со Абе, а поранешниот премиер помагал да се промовира таа организација. Јамагами бил лут бидејќи организацијата наводно ја банкротирала неговата мајка барајќи ѝ разни донации.

    Тој го призна убиството, но негираше дека го извршил злосторството бидејќи се спротивставувал на политичките убедувања на некогашниот премиер Абе.

    Какво оружје употребил?

    Полицијата соопшти дека пиштолот бил рачно изработен, долг околу 40 сантиметри и висок 20 сантиметри. На снимката од оружјето на земја одблиску се појавија две цевки завиткани заедно со црна лента.

    Што прави сега полицијата?

    Полицијата откри уште неколку пиштоли, исто така рачно изработени, во резиденцијата на осомничениот. На местото на настанот беа повикани и експерти за експлозиви поради загриженост дека рачно изработеното оружје може неочекувано да експлодира, се вели во написот на Блумберг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img