Тетовци нижат казни врз казни

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тетовските полицајци бележат многу примери на возачи кај кои се констатирале сообраќајни прекршоци, а веќе имале забрана за управување со возило поради санкција за претходно прекршување на законските одредби.

Во многуте редовни и акциски контроли се наоѓаат возачи кои веќе се соочуваат со судска забрана да не управуваат возило од три месеци до една година зависно од прекршокот.

Во текот на август на поширокото тетовско подрачје откриени и законски санкционирани биле вкупно 107 лица без возачки дозволи, седум со несоодветна категорија, 11 со важечка забрана за управување и 26 возачи-почетници кои не се придржувале на предвидените ограничувања за оваа категорија возачи, информираат од СВР Тетово.

– Секторот за внатрешни работи Тетово и овој месец засилено го контролира управувањето без возачки дозволи и повторно апелира, посебно до младите, задолжително да посетуваат возачка обука и навреме да го положат соодветниот испит, теоретски и практичен, за да се стекнат со право да поседуваат адекватна дозвола – вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Непоседувањето дозвола се санкционира со изготвување поднесоци и со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Толку изнесува глобата и за сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат на други лица, иако знаеле дека немаат возачка дозвола. Истото се однесува и на мотоцикли и земјоделска механизација, трактори, комбајни и друго.

Share This Article