More

    Тетовец се јавил во полиција и се заканил дека ќе го крене градот во воздух

    spot_img

    Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам”, предвидено и казниво по член 394-б став 2  од Кривичниот законик, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

    „На 17.12.2022 од својот мобилен телефон, пријавениот С.Ѓ. се јавил во Одделението за внатрешни работи во Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби. Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети. По преземени мерки и активности, на 22.12.2022 С.Ѓ. бил лишен од слобода и во Полициската станица Тетово со него бил извршен службен разговор, по што му бил одземен телефонот и две СИМ картици“, наведено е во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img