Тетовец починал во болница, бил донесен во кома

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Семејство од Тетово обвини дека нивен член вчера навечер починал во тетовската болница, затоа што не добил помош од лекарите, објави вечерва порталот на албански јазик Тетовасот. Станува збор за шеесет годишен маж од Пирок, за кого од семејството изјавиле дека починал околу 19 часот.

– Долу чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне, по некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час – изјави еден од членовите на семејството, за Тетовасот.

Директорот на тетовската болница, Плумб Вела, за МИА информираше дека вчера навечер по дознавање за случајот заминал во установата за да утврди што се случило.

– Ќе се преземат мерки и ќе се формира комисија која ќе утврдува дали има вина кај лекарите за смртта на 60-годишникот – изјави директорот Плумб Вела.

Директорот Вела е нов раководител на Клиничка болница, а на таа функција е од 28 март. 

Share This Article