Тетовчанец приредувал нелегални игри на среќа на интернет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган”.

На 23.03.2024, полициски службеници извршиле контрола на правен субјект од Тетово, во сопственост на пријавениот, при што биле затекнати К.С. и пријавениот, а при контрола во неговиот мобилен телефон било констатирано дека во апликација во телефонот имало список на долгови од лица, кои му должеле вкупно 390.000 денари, како и други пораки во кои се гледа дека бил посредник на онлајн игри на среќа без поседување на лиценца.

Share This Article