More

    Тешко е да се поверува во мирољубивата политика на Москва

    spot_img

    Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, Русија сега има речиси 75 отсто од своите конвенционални сили насочени против Украина, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник упатен во разузнавачките податоци.

    Изворот за Си-Ен-Ен изјавил дека концентрацијата на силите на оддалеченост од која може да биде нападната Украина е многу невообичаена и дека тоа е дел од причините поради кои САД веруваат оти Русија е подготвена да изврши напад.

    Тоа вклучува околу 120 од вкупно проценетите 160 баталјонски тактички групи, кои се наоѓаат во радиус од 60 километри од Украина, истакна официјалниот претставник.

    Таа бројка претставува 75 отсто од главните борбени единици на Русија, но е помалку од половина од вкупниот број војници во руската армија, рече претставникот.

    Американски претставници изјавија дека руските војници во комбинација со проруските сили би можеле да бројат до 190.000 војници распоредени околу Украина, додава Си-Ен-Ен.

    Американската телевизиска мрежа наведува и дека околу 35 од 50-те познати баталјони за противвоздушна одбрана се распоредени против Украина.

    Покрај тоа, САД проценуваат дека околу 500 авиони-ловци и ловци-бомбардери се наоѓаат во близина на Украина, како и 50 средни до тешки бомбардери.

    Според американските проценки, заедно руските сили сега значително ги надминуваат украинските воени сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img