Пејачката Селин Дион последните години минува низ многу тешки времиња, со трагедии кои ретко кој може да ги замисли. Во 2016 година, нејзиниот сопруг Рене починал од рак на грлото, не долго после тоа нејзината мајка починала. Сега ѕвездата откажа уште неколку концерти, бидејќи наводно има толку тежок облик на грчеви во мускулите што често не може да оди.
Канадската пејачка поради здравствени проблеми ја одложи европската турнеја која требаше да започне напролет за 2023 година, но планираше да настапи барем во САД, во Лас Вегас. Пејачката во март на Инстаграм напиша дека нејзината здравствена состојба е подобра, но се уште не е во форма за турнејата. Селин не и откри на јавноста дека се уште ја мачат болки и грчеви во мускулите и за која болест точно се работи. Концертите првично планирани за ова лето, вклучувајќи настапи во Манхајм, Келн, Берлин, Хамбург и Минхен, се одложени за 2023 година. За жал, здравјето на пејачката не се подобри; изгубила многу килограми, што предизвикало колапс на нејзиниот имунолошки систем. Некои блиски извори дури навестуваат дека 54-годишната има сериозни проблеми со анорексијата и затоа практично нема сила да стане од кревет.
Уште позагрижувачки е тоа што еден од нејзините роднини изјавил дека грчевите во мускулите кои неодамна ги доживеала Селин биле толку силни што музичарот останал парализиран. Тој исто така тврдеше дека ќе и треба повеќе од една година за да закрепне. Мускулната дегенерација може да предизвика и оштетување на внатрешните органи како што се срцето и проблеми со дишењето. Да си ги држиме прстите да не и биде толку лошо на Селин и што побрзо да се опорави. Пејачката со својот покоен сопруг има три сина – најстариот има 21 година, а близнаците само 11 години.