Вчера во 17.25 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во с.Баница, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(38) од с.Баница, струмичко, удрило во четири малолетни лица од с.Баница, кои во моментот туркале патничко возило „фолксваген пасат” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(46) од с.Баница, а потоа удрило во бетонски ѕид.
Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две малолетнички, а со телесни повреди се здобил возачот В.С., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.