Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот нешто по 23 часот на излезот од Крушевац во Србија.
Сите загинати биле во истиот автомобил, а возачот на другиот автомобил бил итно пренесен во болницата во Крушевац.
На местото на несреќата излегле повеќе противпожарни и полициски возила, како и брза помош.
Од силината на ударот се запалил еден автомобил, па морале да интервенираат пожарникари.
Според неофицијални информации, во еден од автомобилите имало млади лица.