Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале српски автобус и автомобил на патот Атина-Солун кај Евзони.
Според грчките медиуми, несреќата се случила во близина на областа Поликастро, во близина на излезот кон Евзони.
Во автобусот имало 78 патници, додека во автомобилот имало четири лица.
Тројца сопатници од автомобилот се пронајдени мртви, а четвртиот е тешко повреден.
Набргу откако автобусот се судрил со возилото, на возилото налетал друг автомобил. Сепак, двајца патници, жена и дете, не се повредени, јавуваат грчките медиуми.
Автобусот и еден автомобил паднале во канал каде што немало вода.
Грчките медиуми јавуваат дека во несреќата се повредени 40 возрасни лица, од кои едно е интубирано и две деца на возраст од 6 и 9 години.
Повредените се здобиле со разни повреди, а на местото на настанот излегле лекари од мобилните единици. Тие се префрлени во болницата Кукуш, додека повредениот кој морал да се интубира е префрлен во Хипократ.
Во помош на повредените учествувале 12 амбулантни возила и 3 мобилни медицински единици.