Терористот на Хамас, кој го снимал нападот во Кибуцот Суфа во јужен Израел, успеа да ја сними и сопствената смрт

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Терористот на Хамас, кој го снимал нападот во Кибуцот Суфа во јужен Израел, успеа да ја сними и сопствената смрт.

На социјалните мрежи се појави видео од милитант на Хамас кој снима како тие влегуваат во израелската населба, за време на нападот врз јужен Израел минатата сабота, но на снимката ја фаќа и сопствената смрт. Имено, на видеото се гледа како некој пука од заседа кон група членови на Хамас кои влегле во населбата. Притоа погоден е и припадникот на Хамас кој го снимал нападот.

Хамас масакрираше израелски цивили на 7 октомври кога упадна на младински музички фестивал и го изврши најлошото крвопролевање во израелската историја. Досега, повеќе од 1.400 луѓе загинаа во Израел, вклучувајќи 286 војници. Од друга страна, повеќе од 2.600 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа.

Повеќе од 1.000 луѓе се под урнатините во Газа, објави палестинската цивилна одбрана. Во соопштението, цивилната одбрана рече дека тимовите извлекле многу преживеани од урнатините во рок од 24 часа откако зградите беа погодени од израелски бомбардирања.

Share This Article