Терористот кој го извршил терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, се обидел да се скрие од безбедносните сили на дрво, објави српски Информер.
Далерјон Мирзоев, кого го нарекуваат „водачот на терористите“, додека бегал се качил на дрво надевајќи се дека нема да го забележат. Настанот е снимен и објавен на канали на Телеграм.
Но, безбедносните сили бргу го откриле терористот со уред за термална детекција, го совладале и го спровеле на прелиминарно испрашување.
„Име и Презиме?“, „Зошто те приведоа, знаеш ли?“, „За кого работиш?“, го прашале притворениот терорист.
Терористот изговарал неразбирливо, а подоцна се покажало дека не го разбира рускиот јазик.
Според некои извештаи, Мирзоев ладнокрвно со нож колел луѓе за време на терористичкиот напад во „Крокус“.