Терористички напад се случи во средата во трговски центар во градот Кармиел, на северот на Израел, соопшти израелската полиција, пренесува Џерусалем пост.
Израелската служба за итна медицинска помош (МДА) извести дека во нападот со нож се ранети две лица.
Едно лице на возраст од околу 20 години било без свест и во критична состојба, а уште едно исто така на иста возраст исто така се здобило со тешки повреди. Тие се префрлени во медицинскиот центар „Галилеја“ во Нахарија.
Полицијата извести дека терористот е убиен, а началникот на северната област на израелската полиција рече дека еден од ранетите пукал во терористот и го запрел.