Утрово се случил терористички напад на автобуска станица во Ерусалим, во кој животот го загубија најмалку три лица, а шестмина се ранети. Инцидентот се случил на влезот во градот, јавуваат медиумите.
Според информациите објавени во Jerusalem Post, меѓу жртвите има жена (24) и маж (73). На социјалните мрежи се појавија страшни снимки од нападот, на кои се гледа како напаѓачите излегуваат од возилата и отвораат оган врз луѓето на автобуската станица, додека случајните минувачи панично бегаат.
Според полициските извештаи, двајца терористи од источен Ерусалим во четвртокот наутро пристигнале на раскрсницата Гиват Шаул во близина на влезот во Ерусалим, користејќи М16 и пиштол и го започнале нападот пукајќи во цивили на блиската автобуска станица. Безбедносните сили успеале да ги неутрализираат двајцата напаѓачи, но за жал еден цивил го загубил животот на лице место.
Во меѓувреме, во Појасот Газа, убиени е тројца израелски заложници се убиени во израелското бомбардирање, тврди Хамас.
Станува збор за најмладиот заложник, 10-месечното момче Кфир Бибас, неговиот четиригодишен брат и нивната мајка. Израелската армија се уште не ги потврди овие наводи.