Термоелктраната лани им додели 2 тендра за набавка на мазут

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Термоелектраната во Неготино лани купила мазут за 5 милијарди денари (околу 82 милиони евра), покажува извештајот од работењето на термоелектраната за минатата година објавен на својата веб-страница. Произведената струја што му ја предал на АД ЕСМ чинела 91 милиони евра, а на крајот добивката била 1,34 милиони евра, пишува порталот Фактор.

Термоелектраната мазутот го купувала од РКМ на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски која остварила 74% од своите приходите од зделките со ТЕЦ Неготино.

РКМ лани беше многу актуелен во јавноста како снабдувач со мазут на ТЕЦ Неготино, издигнувајќи се како еден од најголемите трговци со деривати. За 2022 со 7 вработени направи приход од 111 милиони евра и оствари профит од 6,2 милиони евра.

Минатата година за ТЕЦ Неготино распиша два тендера за набавка на вкупно 340.00 тони мазут.

ТЕЦ Неготино за ова година планира да потроши 210 милиони евра за мазут.

Share This Article