Холивудската актерка Тери Хачер (59), најпозната по улогата во хит серијата „Очајни домаќинки“, откри дека била исфрлена од популарната апликација за запознавање.
– Ги пробав сите апликации, а ја пробав и најновата. Ја пробав Хинџ (Hinge) – изјави таа во емисијата „Getting Grilled with Curtis Stone“.
– Си помислив: „Ќе му кажам на универзумот дека сум ранлива и дека сум отворена за нови можности“. Тоа е она што мислев дека ќе се случи откако ќе се приклучам на апликацијата Hinge. А потоа само ме исфрлија од апликацијата – открила Хачер пред водителот да ја праша зошто ја „шутнале“.
„Па, тие мислеа дека се преправам дека сум Тери Хачер. Ми се извинија, а потоа реков дека повеќе нема да се занимавам со тоа. Дефинитивно завршив со апликациите за запознавање и чувствувам дека средбата со некој треба да биде полесна. Но, искрено , среќна сум. Имам навистина исполнет, зафатен живот. Имам прекрасни пријатели. Добро е. Не ми треба маж. Имам мачка.”