Тепаната средношколка од „Јосип Броз Тито“ уште трпи тортура

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Едно од девојчињата што претепаа 15-годишна соученичка од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ кај грчкиот конзулат, иако доби педагошка мерка опомена пред исклучување, денеска на социјалните мрежи објави видео каде се гледа помодреното око на тепаната врсничка, здобиено од инцидентот.

Семејството на жртвата денеска пријавила во полиција дека нивната ќерка продолжува да биде предмет на потсмев и психичко изживување, објави Канал 5.

Судењето за овој случај е закажано за 2 април, но ќе биде затворено за јавноста поради тоа што се работи за малолетници.

Пред две недели беше објавено дека после инцидентот, девојчето во делокругот на училиштето пред сведоци се обратила кон соученичката нејзина жртва со зборовите ,,Дај да ти го сликам модрото око”. Ова била причината што наставничкиот совет изрекол едногласна педагошка мерка опомена пред исклучување.

 

видео: телевизија Канал 5

Share This Article