More

    Тепачката фрли дамка на дербито на Маракана: Меси ја обвини полицијата!

    spot_img

    Има малку поголеми фудбалски празници од судирот на огромните ривали на еден од иконите светски стадиони. Токму таков настап беше закажан за ноќта меѓу вторник и среда по средноевропско време, но победата на Аргентина над Бразил на „Маракана“ во Рио де Жанеиро остана во сенка на нередот на трибините.

    Беше 1:0 за гостите на Лионел Скалони, но по натпреварот најмногу се зборува за нередите на трибините. Дуелот се одигра во рамките на јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година.

    По трите бода на Аргентинците, сега се на врвот на табелата со 15 бода, два повеќе од најблискиот следбеник Уругвај. Бразил доживеа разочарувачки трет пораз во низа и сега има само седум бода од шест натпревари.

    Целиот натпревар започна со половина час доцнење поради жестоки судири меѓу полицијата и приврзаниците на гостинската екипа. Тепачката започнала при интонирањето на националните химни зад гол на делот од трибините каде што биле Аргентинците, а полицијата интервенирала со палки. Дел од навивачите фрлаа со скршени столчиња кон полицијата, а дел во страв од тепачка избегаа на теренот.

    Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси се приближи до трибината во обид да ја смири ситуацијата, но светскиот шампион не успеа – екипите мораа да одат во соблекувалната додека не завршат судирите.

    „Беше тажно затоа што видов како тепаат луѓе… Имаше луѓе кои беа со своите семејства, а полицијата дојде на нив со палки и тоа не е прв пат. Така беше и пред финалето на Копа Либертадорес. Да не отидевме во соблекувалната, можеби ќе имаше трагедија“, изјави Меси за медиумите.

    Меси алудираше на натпреварот помеѓу Бока Јуниорс и Флуминенсе на истиот стадион, каде исто така беа забележани слични сцени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img